Јокиќ, Јанис и Дончиќ ќе играат на ЕП

Американаските медиуми информираат дека Никола Јокиќ ќе биде во составот на кошаркарската селекцијата на Србија

Иако финалните ростери на репрезентациите на претсојниот Евробаскет се далеку од финализирани, сепак љубителите на кошарката ќе бидат презадоволни од информациите што доаѓаат од САД.

Тамошните медиуми информираат дека Никола Јокиќ ќе биде во составот на селекцијата на Србија која важи една од фаворитите за златниот медал.

Покрај Србите и Словенците и Грците имаат причина да бидат среќни, бидејќи можат да сметаат на своите двајца најдобри играчи, Лука Дончиќ и Јанис Адетокунбо.

„Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокунбо ќе се настапат за своите земји на ЕвроБаскетот следниот месец. За сите фанови на НБА кои сакаат да гледаат акција со висок влог, ЕвроБаскетот секогаш испорачува“, напиша новинарот Еван Сидери.

Ако овие информации се покажат точни, тогаш на Европското првенство во кошарка ќе гледаме супер интересни дуели каде ќе настапат моментално тројцата најдобри европски кошаркари кои играат во НБА.

Првата ѕвезда на српскиот тим Јокиќ, настапи за својата репрезентација на Оилимписките Игри во Париз 2024 и во Рио 2016, а играше и на Светското првенство 2019, како и на Европското првенство 2022. Но, на некои од шампионатите отсуствуваше поради физчка и ментална исцрпеност поради настапите за својот  НБА тим Денвер Нагетс, особено по освојувањето на шампионската титула во 2023 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни