Еден од најдобрите кошаркари на светот Никола Јокиќ, пред време ја заврши сеозаната со својот клуб Денвер Нагетс и набрзо потоа ги спакува куферите и се врати од Америка во Европа на одмор.
Откако неколку недели мина во својот роден град Сомбор, Србија, сега, се појавија најновите фотографии кои покажуваат дека најдобриот кошаркар на планетата моментално е на Тара, Црна Гора, и таму оди на рафтинг.
Српскиот ас ужива и тоа не му е прв пат. Беше на Тара пред две години, а уживаше и на рафтинг на Дрина.
Со друштво, ладно пиво и длабока сенка Јокиќ ужива и ги „полни батериите“, додека цела Србија чека да ја чуе неговата конечна одлука дали ќе игра на Евробаскетот кој ќе се одржи кон крајот на август, а каде токму Србија е еден од фаворите за златен медал.