Од денеска мега – ѕвездата на Барселона и светскиот фудбал Ламин Јамал е полнолетен, а според медиумите во Шпанија, тој роденденот го прославил со спектакуларна забава синоќа на непозната локација.
Сега се чека на спектакуларната промоција на неговиот нов договор со Барселона кој е потпишан и е со важност до 2031 година со откупна клаузула од една милијарда евра.
Исто така Јамал ќе ја добие и престижната “десетка“ на Барса како подарок за неговиот роденден, дресот во кој играа Марадона, Роналдињо, секако и Меси.
Јамал го воодушеви фудбалскиот свет со своите настапи за Барселона и шпанската репрезентација, а на големата сцена е веќе две години.
Дебитираше за Барселона на 16 години, а на 17 години стана европски шампион со Шпанија.