Јаболковиот оцет е многу здрава намирница, затоа често се користи како природен лек за многу болести. Тој е целосно природен производ што се создава со процесот на ферментација на јаболката и има две фази.
Во првата фаза, шеќерот се претвора во алкохол, а во втората, со понатамошна ферментација на алкохол, се добива оцет. Целиот процес трае три до четири недели, во зависност од температурата.
Користење
Јаболковиот оцет е првенствено прехранбен производ. Оцетот е една од основните намирници во исхраната на луѓето, било да е алкохолен, вински или јаболков. Во исхраната, се користи во салати, како додаток на варени јадења или за конзервирање на зимница. Значи, јаболковиот оцет се користи како и секој друг оцет, но тој е поздрав од кој било друг, до тој степен што често се користи како лек.
Лековити својства
Основната состојка на јаболковиот оцет е оцетната киселина. Предноста на домашниот јаболков оцет во однос на индустрискиот е тоа што содржи многу корисна јаболкова киселина. Покрај тоа, содржи други киселини, минерали, витамини и есенцијални аминокиселини. Негова важна состојка е калиумот, кој го содржи во голема мера. Тој е еден од електролитите одговорни за протокот на енергија во телото. Влијае на правилното функционирање на мускулите, цревата, како и на срцевиот ритам.
Употреба
Јаболковиот оцет се користи за плакнење на косата после миење затоа што ја враќа нормалната PH рамнотежа на косата, има корисен ефект врз скалпот, го отстранува првутот и и дава сјај на косата. За таа цел, потребно е да се направи раствор што содржи 1 литар вода и 1 дл оцет.
Некогаш беше широко користен за контрола на паразити како што се вошките. Не ги убива вошките, но ги отстранува гнидите од косата, со што се спречува понатамошно размножување на овој паразит.
Чист или разреден со вода, во сооднос 1:1, ги смирува изгорениците. Водена бања во која се додава јаболков оцет ги ублажува изгорениците предизвикани на кожата. Бидејќи го стимулира процесот на метаболизам и го забрзува согорувањето на маснотиите, се користи и како средство за слабеење ако се испие една чаша вода во која се раствора една лажица јаболков оцет за време на ручекот. За третман на ревматоиден артритис, се препорачуваат облоги од јаболков оцет,кои се ставаат на болните зглобови. Исто така, се користи за лекување на разни кожни болести, кога се во почетна фаза.
Рецепт за јаболков оцет
За да направиме јаболков оцет, потребни ни се само јаболка, најдобро по можност диви и без шеќер. Само 50 до 100 грама шеќер е доволно за 10 килограми јаболка, а ако јаболкате се навистина благи, тогаш шеќер не е потребно. Исечете ги добро измиените јаболка, заедно со семето и лушпата. Додадете шеќер и измешајте. Оставете ја смесата да стои три до четири недели. Повремено мешајте и чувајте ја на температура од 18 до 25 степени. Кога ќе се процени дека е готово треба да се процеди.
Извор: agromedia.rs