Ѓоковиќ „пумпаше“ по првата победа на Вимблдон: „Ќе го правам тоа после секој меч“

На прес-конференцијата по мечот Ѓоковиќ кажа дека се работи за однос кон неговите деца и дека бил инсипириран од денс хитовите од деведесеттите

Потешко од очекуваното српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, вчера во првиот меч на Вимблдон славеше над Алекндар Милер од Франција со 3:1 во сетови.

Но по победата, Ѓоковиќ прослави на необичен начин со потег кој воодушеви дел од српската јавност.

Имено, тој по освојување на последниот поен со рацете имитараше пумпање, што многумина го протоколуваа како поддршка на студентите кои со месеци протестираат а чие мото е токму теминот „Пумпај“.

На прес-конференцијата по мечот Ѓоковиќ кажа дека се работи за однос кон неговите деца и дека бил инсипириран од денс хитовите од деведесеттите (српската нумера „Журка“ и белгиската „Pump it up“) и најави дека така ќе го слави секој нов триумф на тенискиот турнир во Лондон.

„Тоа е меѓу мене и моите деца. Имаме две песни што ги слушаме во последно време. Разговаравме дека оваа кореографија би можела да биде соодветна прослава за секоја победа на Вимблдон. Така ќе славам и понатаму. Паралелата е симболична“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ, утре, среда, во второто коло на Вимблдон ќе игра против британскиотм тенисер Даниел Еванс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни