Ѓоковиќ при едно интервју ја сподели својата утринска навика која ја практикува целото негово семјество.
„Јас вака го започнувам својот ден. Најпрво земам малку топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа ја отворам својата омилена фиока во фрижидерот, каде што го чувам целерот. Тоа го ставам во соковник за да добијам сок од целер“ открива Ѓоковиќ.
Според него, најдобар начин за да се започне денот е да се испие овој сток на празен стомак.
„Овој сок е полн со минерали, соли и уште неколку елементи кои го чистат вашиот црн дроб. Прави чуда, како за мене, така и за мојата жена и за нашите деца“ открива Ѓоковиќ.
Сепак тенисерот открива дека неговите деца не го пијат чист овој сок, туку го мешаат со сок од краставица или јаболко.
Целерот треба да се користи почесто во секојдневната исхрана бидејќи, според нутриционистите позитивно влијае врз бубрезите, стомакот, цревата, мускулите, крвните садови и имунитетот.