Ѓоковиќ го напушти интервјуто на BBC поради прашање што не му се допадна

24-кратниот Гренд Слем шампион се пласираше во четвртфиналето во машка поединечна конкуренција, откако во понеделникот победи во директен натпреварот со  над Холгер Руне.

Ѓоковиќ победи прилично лесно, но не беше задоволен од дел од публиката трибините.
37-годишниот шампион ги обвини навивачите кои скандираа „Руууууууне“ за поддршка на неговиот противник дека тоа го направиле како „изговор за негово исвиркување“.
На прашањето од интервјуерот Риши Персад по неговата победа, Ѓоковиќ изрази незадоволство од публиката.

Во разговорот со Би-Би-Си, Ѓоковиќ беше запрашан како ги доживува коментарите по неговата изјава дека некои членови на публиката не го почитувале. Тој едноставно одговори: „Исто.“ Потоа интервјуерот го праша дали чувствува дека ја добива почитта што ја заслужува од фановите.

„Видете, како што кажав во интервјуто после натпреварот, им се заблагодарив на сите луѓе.Поголемиот дел од луѓето на стадионот вечерва беа со почит и им благодарам и знам дека по цел ден гледање тенис не е лесно да се остане.’’ – изјави тој.

„Значи, бев благодарен. Не го земам тоа здраво за готово. Очигледно, тие се голем дел од причината зошто сè уште играм, публиката и луѓето кои навистина ги ценат тенисерите и она што го правиме и напорите што ги вложуваме.

„Ги цениме што плаќаат билети и доаѓаат да не поддржат и да гледаат тенис, да го поддржат овој прекрасен турнир. Но, кога чувствувам дека публиката ја надминува линијата, тогаш реагирам. Не се каам за моите зборови или постапки на теренот.“

Но, третото прашање за публиката кое го имаше новинарот, за тоа како размислува кога публиката не го почитува, Ѓоковиќ не го прими добро.

Тој возврати: „Имате ли други прашања освен за толпата? Мислам, дали сте фокусирани само на тоа или имате прашања за натпреварот или нешто слично, дали е фокусот само на публиката?“

Репортерот се обиде да објасни дека прашањето е во ред, но Ѓоковиќ одговори велејќи: „Па, мислам, ова е веќе трето прашање. Го кажав тоа што имав да го кажам.“

После тоа следеше прашање за неговиот претстоен натпревар со Алекс де Минаур, но Ѓоковиќ даде само кратка реченица, додавајќи: „Да, со нетрпение го очекувам. Ќе биде тежок. Фала.“

Извор: Novak Djokovic storms out of Wimbledon interview after snapping at BBC | Tennis | Sport | Express.co.uk

Најново

Последни колумни