Концерт под наслов „Звукот на идните генерации“ на кој настапуваат студентите од Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип, ќе се одржи во Македонска филхармонија на 13 јуни во четврток во 20 часот, во големата сала на Филхармонија.
Настапот е заеднички меѓу студентите и Македонската филхармонија.Н астапуваат Александра Кировска – гитара од класата на проф. м-р Дејан Лазаревски и Нина Крагуевска – кларинет од класата на проф. д-р Бранко Павловски.