Традиционално, дебармаалци ја започнаа Новата година со песна и запалени факели пред култната кафеана „Идадија“. Оваа уникатна традиција, започната уште во 1928 година, секоја година го носи празничниот дух на 1 јануари, собирајќи староседелци и љубопитни посетители.
Но, не останаа зад нив ни скопските моторџии, кои со своето првојануарско возење го внесоа адреналинот на улиците. Зурлите и тапаните во срцето на Дебар Маало се чини дека и официјално ја „потврдија“ Новата година во градот.