Се зголемува бројот на жртви по падот на кран врз воз во Тајланд

Бројот на загинати по тешката железничка несреќа на североистокот на Тајланд се искачи на 28 лица, додека уште десетици патници се повредени, од кои дел се во критична состојба, соопштија локалните власти.

Според последните податоци на покраинскиот завод за јавно здравје, несреќата се случила кога градежен кран паднал врз патнички воз кој сообраќал на релација од Бангкок кон провинцијата Убон Рачатани. По ударот, возот излетал од шините и се запалил, јавуваат BBC и Associated Press.

Во несреќата биле повредени најмалку 64 лица, од кои седум се во тешка здравствена состојба. Бројот на загинати по тешката железничка несреќа на североистокот на Тајланд се искачи на 28 лица. Пожарот е ставен под контрола, а спасувачките екипи продолжиле со пребарување на возот поради сомнеж дека дел од патниците можеби останале заробени.

Кранот бил користен за изградба на брза надземна железница, а несреќата се случила во близина на градот Након Рачасима, соопштија локалните служби.

Министерот за сообраќај на Тајланд, Пифат Рачакитпракан, изјави дека во моментот на несреќата во возот имало 195 патници и дека е наредена итна истрага за утврдување на причините и евентуалната одговорност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни