Спиењето е многу важно за активен и продуктивен ден, но многумина не сфаќаат колку е клучна добрата рутина за спиење за целокупното здравје.
Урамнотеженото спиење прави многу повеќе за нашето тело отколку за нашето расположение, а верувале или не, за време на РЕМ спиењето, вашиот мозок ги обработува информациите што сте ги внесувале во текот на денот и ја подобрува вашата долгорочна меморија, пишува Good Housekeeping.
Покрај тоа, телото често работи на „реставрација“ за време на добар сон, а кај младите и децата развојот и растот се случуваат и во текот на ноќта.
Колку часа сон е потребно во зависност од возраста?
На децата им требаат меѓу девет и 11 часа сон, на тинејџерите од осум до 10 часа, на возрасните од седум до девет часа, а на постарите од седум до осум часа.
Вистина е дека луѓето всушност можат да „го прескокнуваат спиењето“ како што стареат, објаснува д-р Мајкл Гранднер, директор на Програмата за истражување на спиење и здравје на Универзитетот во Аризона.
Тој додава дека истражувачите претходно откриле дека како што луѓето стареат, сонот станува полесен и тие се со поголема веројатност да се будат во текот на ноќта.
Совршената количина на сон секоја вечер може да се одреди според времето кога треба да бидете будни и да функционирате нормално. Присилувањето да спиете во одредено време или строго да се придржувате до тоа може да ви наштети и да предизвика нарушен фрагментиран сон.
Зошто луѓето и животните зеваат?
„Зевањето може да служи како важнa социјална функција, а не само да покажеме дека сме уморни“, посочува Сања Ѓорѓева, сертифициран тренер за спиење, основач на Dr.Goodnight.
Според Ѓорѓева постојат неколку теории, а ова се најчестите:
Теорија бр. 1: Зевањето го буди мозокот за време на досада или замор – една теорија тврди дека зевањето може да му помогне на мозокот да остане буден за време на досадни или пасивни активности.
Теорија бр. 2: Зевањето му помага на мозокот да се олади – зевањето може да помогне во терморегулацијата на мозокот, или процесот со кој мозокот ја одржува својата основна температура.
Теорија бр. 3: Заразното зевање е поврзано со емпатија – Повеќето од нас ќе се согласиме дека проѕевањето е заразно. Кога луѓето гледаат како другите луѓе се проѕеваат, тие имаат тенденција самите да се проѕеваат. Дури и читањето или размислувањето за зевањето може да поттикне зевање, верувам дека сега и вие зевате. Истражувањата покажуваат дека колку некој се чувствува поблизок со друга личност, толку е поголема веројатноста дека ќе зева кога таа личност зева. Така на пример, ако зева нашиот парнет, родител или најдобар пријател, поголема е веројатноста дека и ние ке зеваме, а ако зева човек кој не ни е близок помала е веројатноста дека и ние ќе зеваме.