Зошто за Божиќ се прават куќарки од тесто со ѓумбир?

Со развојот на интернетот, обичаите од локални станаа меѓународни, поради што одредени обичаи од други култури и делови од светот почнаа да се прават и кај нас.
Фото: Glenn Brunette, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Еден од нив, видлив на полиците на разни продавници од пред неколку години, е сладок обичај – правење куќарка од тесто со ѓумбир.

Од каде доаѓа овој обичај и зошто баш ваквите куќарки се прават за Божиќ?

Куќарките се прават со големи парчиња од овој биксвит. Многу од нив се украсени со шеќер, гумени бонбони и други слатки. Главното правило е дека целата куќарка мора да се јаде.

Не е познато кој го измислил овој обичај, бидејќи тој потекнува од античките грчки и кинески цивилизации, но што се однесува до Европа и Северна Америка, оваа практика потекнува од Германија, во текот на 19 век, пишува bestgingerbreadhouses.com.

Колачињата од тесто со ѓумбир веќе се користени за различни форми на уметност, а германските слаткари го подигнаа на следното ниво, засновајќи го своето создавање на познатата приказна на браќата Грим – Ивица и Марица.

Ова стана особено популарно за Божиќ, бидејќи во тоа време обично се консумираат колачиња од тесто со ѓумбир. Со текот на времето, оваа традиција се спои со идејата за ѓумбирски куќи, а бидејќи Божиќ е важен во Германија, стана синоним за овој празник, пишува овој сајт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни