Зошто Вучиќ го „приватизира“ фудбалскиот меч Србија – Албанија?

Според дел од јавноста српскиот претседател Александар Вучиќ е тој кој одлучил натпреварот да се игра во Лесковац, наместо во Белград

Во сабота, на 11 октомври се игра квалификацискиот меч за СП во фудбал помеѓу репрезентациите на Србија и Албанија.

Мечот, покрај фудбалскиот, многу повеќе го привлекува политичкиот момент и набојот во двете земји па и делови на Балканот кога играат овие две селекции.

Домаќин е Лесковац а не Белград

Но колку и сите да очекуваат спектакл, сепак овој меч е по многу работи различен од досегашните пресметки (досега се одиграни три меѓусебни мечеви еден во Србија и два во Албанија).

Прво е фактот што Србија нема да ја дочека Албанија на најголемиот и најпознат стадион „Рајко Митиќ“ во Белград со капацитет од над 55.000 гледачи.

Наместо Белград, град домаќин ќе биде Лесковац и стадионот „Дубочица“ со капацитет од едвај 8.000 гледачи.

Страв од казните на УЕФА или нешто друго?

УЕФА жестоко го казни фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) за последниот дуел со Англија, па еден од аргументите зошто треба мечот да се игра во Лесковац е токму полесното гарантирање на безбедноста за време на мечот, односно дека во малиот Лесковац споредено со Белград многу полесно можат да се спречат сите видови на инциденти.

Дополнително, поради малиот капацитет на стадионот, речиси и ќе нема албански навивачи на трибините, со што би се избегнале немили сцени меѓу навивачите.

Трето, нема да има карти во слободна продажба туку сите карти ќе ги подели ФСС на регионалните и локалните сојузи, што треба да гарантира дека на трибините нема да има лица кои се дел од најжестоките навивачки групи во Србија.

Сепак, на овие агрументи, јавноста во Србија има свои контраргументи.

Според дел од јавноста српскиот претседател Александар Вучиќ е тој кој одлучил натпреварот да се игра во Лесковац, наместо во Белград и воопшто да нема карти во продажба.

Причината за тоа еда се спречи скандирање против Вучиќ од трибините, како и да не се повторат инцидентите од мечот со Англија, каде луѓе во црно пред полицијата тепаа луѓе кои скандираа против власта.

На спортски план, дуелот Србија – Албанија е важен за двете селекции кои ќе се борат за втората позиција во групата и можноста преку баражот да обезбедат место на Светското првенство кое следната година се игра во САД; Мексико и Канада.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни