Зошто високите температури предизвикуваат главоболка?

Фото: Freepik

Високите температури често се пропратени со промени на барометарскиот притисок, директно изложување на сонце и влажност, а овие промени во опкружувањето може да предизвикаат главоболка, особено кај оние кои имаат мигрена.

„Мигрената не сака променливост“ вели д-р Џесика Аилани, невролог и директорка на Центарот за главоболка во МедСтар во Џорџтаун.

Експертите не се сигурни во прецизниот механизам како топлото предизвикува главоболки, но топлото доведува до процеси за кои се знае дека предизвикуваат главоболки.

Есктремната дехидратација може да предизвика стеснување на крвните садови околу мозкот, што доведува д офизичка болка, вели Елизабет Лодер, шефица на одделението за главоболки во женската болница Бригам.

Во екстремни случаи, топлото може да влијае и на функцијата на мозочните неврони, предупредува неврологот Нарјан Кисун од клиниката Мејо.

„Променетата клеточна функција доведува до зголемена активност во центрите за болка во мозокот“, објасни тој.

Фото: Freepik

Екстремната топлина исто така може да доведе и до дисбаланс на електролитите, бидејќи телото губи натриум со потењето, што значи дека е важно покрај вода, да консумирате и електролити.

„Дехидратацијата е блиско поврзана со дисбалансот на електролитите, бидејќи водата ја следи солта“ вели Кисон и додава дека телото кое губи сол, е помалку способно да задржи вода.

Сепак, главоболката предизвикана од топлина, особено ако не страдате од мигрена е знак дека нешто не е во ред. Треба да се тргнете од топлото, да се изладите со ладен пијалок или мраз, а потоа да побарате климатизирана просторија.

Пијте повеќе вода и пијалоци кои ги надополнуваат изгубентите електролити, а може да се додава и малку сол или сок од лимон во водата.

Експретите предупредуваат да се избегнува мрсна храна и алкохол, бидејќи тоа придонесува кон дополнителна дехидратација, слично како и пијалаците полни со шеќери.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни