Зошто вашиот автомобил троши повеќе гориво при ниски температури?

Зошто автомобилот троши повеќе гориво зима? Совети за загревање мотор, притисок во гуми и возење на снег и мраз.

Возењето зима на кратки растојанија не е економично, затоа што тогаш автомобилот троши најмногу гориво, односно моторот не успева да се загрее. Просечно, при температура од минус 7 степени, автомобилот троши до 12% повеќе гориво отколку во пролет или лето при 25 степени.

Причините за тоа се неколку: моторот треба малку време за да достигне оптимална температура кога работи најефикасно. Студеното време го намалува притисокот во гумите, што може да го зголеми отпорот при тркалање и потрошувачката на гориво (повремено проверувајте го притисокот во гумите). Надворешниот студен воздух е погуст од топлиот, што го зголемува отпорот при возење и потрошувачката на гориво.

Во услови кога на патот има снег и мраз, има повеќе пролизгување на погонските тркала, што исто така го зголемува трошењето на гориво. Побавното возење до 60 км/ч исто така негативно влијае на потрошувачката, пишува „Ревија ХАК“.

Може да ви помогне паркирањето на потопли места, како што се гаражите. Исто така, кога ќе го вклучите автомобилот, започнете со возење што побрзо, бидејќи така моторот ќе се загрее побрзо. Не користете долготрајно функции за одмаглување/греење на стаклата или грејачи за седишта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни