Search

Зошто третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивен ден во годината?

Понеделник ,средина на јануари и зима. Можеби овие причини веќе се доволни да не бидеме многу расположени денес на 15 јануари ,но и математичка равенка потврдува дека денес е најтажниот ден во годината.

Уште се нарекува и ,,Син понеделник’’ и се одбележува секоја година во третиот понеделник од јануари. Но зошто е тоа така и што е она што го прави овој ден најдепресивен во целата година според експертите?

Терминот „Син понеделник“ бил измислен од психологот д-р Клиф Арнал, кој разработил формула за да покаже како третиот понеделник во јануари е особено лош.

Арнал користел формула која ги земала во предвид временските услови, долговите, времето поминато од Божиќ и ниското ниво на мотивација:  W+(Dd)] x TQ/M x NA.

Во формулата, W го означува „времето“, D е „долг“ (долгови стекнати во текот на празничниот период), d е „месечна плата“ помножена со времето поминато од Божиќ (T, „време од Божиќ“) и Q е фрустрација за прекршување на новогодишните резолуции додека М е „ниско мотивационо ниво“ и NA, потребата да се преземе акција.

Д-р Арнал вели дека луѓето треба да ја прифатат можноста да свртат нов лист.
„Без разлика дали се работи за започнување нова кариера, запознавање нови пријатели,ново хоби или нова авантура, јануари е одлично време за донесување на тие големи одлуки“- вели тој.

Во последниве години, на овој ден многу често на социјалните мрежи може да се видат пораки за охрабрување и нови почетоци како спротиставување на она што се претпоставува дека е „официјално“ најтажниот ден во годината.

Извор: https://www.surinenglish.com/spain/why-today-blue-monday-considered-the-saddest-20240115105054-nt.html

Најново

Последни колумни