Зошто Трамп го сака Гренланд и што мислат Гренландѓаните за тоа

Трамп исто така се обидел да го купи Гренланд за време на првиот мандат. Данска и гренландската влада ја одбиле оваа понуда од 2019. година, велејќи: „Гренланд не е на продажба.

Избраниот американски претседател Доналд Трамп ја повтори намерата да ја преземе Гренланд, арктичката територија што ја контролира Данска.

Зошто Трамп зборува за ова и зошто токму сега?

Каде се наоѓа Гренланд?
Гренланд, најголемиот остров на светот, се наоѓа на Арктикот. Тоа е една од најретко населените територии на светот. Околу 56.000 луѓе живеат таму, најмногу домородни Инуити.

Околу 80% од територијата е покриена со мраз, што значи дека луѓето во основа живеат на југозападниот брег околу главниот град Нук. Како автономна данска територија, Гренланд е исто така воена база на Данска и Америка.

Економијата во голема мера се потпира на риболов. Државната помош од данската влада прави една петина од гренландскиот БДП. Последниве години расте интересот за природните богатства на оваа територија, меѓу кои и за рударење на ретки минерали, ураниум и железо.

Тие можат да станат поедноставни за искористување поради глобалното затоплување, бидејќи се топи се повеќе мраз на Гренланд.

Каков статус има Гренланд?
Географски лоциран во рамките на Северна Америка, Гренланд го контролира Данска веќе околу 300 години, која е оддалечена скоро 3.000 километри. Овој остров бил колонија до половината на 20-тиот век.

Токму во текот на големиот дел од тој период бил изолиран и сиромашен. Стана дел од Кралството Данска во 1953. година, кога Гренландците станаа дански граѓани.

На референдумот одржан во 1979. година Гренланд доби право да одлучува за повеќето внатрешни прашања, додека Данска ја задржа контролата над надворешната политика и одбраната.

Зошто Гренланд е важен за Америка?
Америка долго време имала безбедносен интерес на Гренланд. Откако нацистичка Германија ја окупирала копнената Данска за време на Втората светска војна, Америка го нападнала Гренланд и поставила воени и радио станици низ целата територија. Американските сили останале и по војната на Гренланд.

Америка од тогаш ја управува базата Питуфик, која порано била позната како Тула воздушна база.

Договорот за одбрана со Данска од 1951. година и обезбедил на Америка значајна улога во одбраната на нејзината територија, вклучувајќи го правото да гради и одржува воени бази.

„Ако Русија сака да испрати проектили кон Америка, најкраткиот пат за нуклеарно оружје е преку Северниот пол и Гренланд“, изјави Марк Џејкобсен, вонреден професор на Кралскиот факултет за одбрана на Данска.

„Затоа базата Питуфик е исклучително важна за одбраната на Америка.“

Кина и Русија исто така изградиле воени капацитети на Арктикот последните години, велат во извештајот на Арктичкиот институт.

Во извештајот се повикува Америка да продолжи со проширување на присуството на Арктикот за да ја создаде контра-равнотежата со ривалите.

Ларс Локе Размусен, дански министер за надворешни работи, изјави во средата дека Данска е отворена за разговори со Америка, додавајќи дека интересот на Вашингтон во регионот е „легитимен“.

Трамп исто така најверојатно е заинтересиран за рударството, изјави професорот Џејкобсен.

„Денес постои посебен интерес за ретки минерали кои се на југот на Гренланд, а кои сè уште не се ископани.

„Тие се изразито важни за различни технологии, од мобилни телефони до ветроелектрични турбини.“

Дали Америка сака целосна контрола над Гренланд?
Трамп тврди дека контролата над Гренланд е важна за американската национална и економска безбедност.

Иако зборовите на избраниот американски претседател може да изгледаат необично, американските лидери веќе повеќе од еден век се обидуваат да ја преземат оваа територија.

„Америка се обидела неколку пати да ги истера Данците од Гренланд и да го преземе како дел од Америка, или барем да има целосно менторство над Гренланд“, изјави Лукас Ваден, автор на билтенот 66° North за арктичката безбедност.

Откако Америка ја купила Аљаска од Русија, државниот секретар Вилијам Х. Сиворд водел преговори во 1867. година за купување на Гренланд од Данска, но договорот не бил склучен.

Америка понудила 100 милиони долари за оваа територија во 1946. година, оценувајќи дека е од витално значење за националната безбедност, но данската влада ја одбила понудата.

Трамп исто така се обидел да го купи Гренланд за време на првиот мандат. Данска и гренландската влада ја одбиле оваа понуда од 2019. година, велејќи: „Гренланд не е на продажба.“

Што мислат Гренландаѓаните?
Куно Фенкер, член на Инатисиарсут, гренландскиот парламент, изјави во средата дека не ги гледа коментарите на Трамп како закана.

Фенкер, кој го поддржува независноста на Гренланд, изјави за BBC дека Гренланд како суверена територија може да избере да соработува со Америка во одбраната.

Кога Трамп првпат ја спомена идејата за купување на Гренланд во 2019. година, многу жители рекоа за BBC дека се противат на овој предлог.

„Тоа е многу опасна идеја“, рече Динес Микаелсен, туристички водич, роден и одраснат на истокот на Гренланд.

„Тој се однесува со нас како со стока која може да ја купи“, изјави Алека Хамонд, прва премиерка на Гренланд.

„Тој дури и не разговара со Гренланд – тој разговара со Данска за купување на Гренланд.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни