Зошто тениските топчиња се жолти или можеби се зелени?

Изминатиот викенд заврши 136. издание на популарниот турски гренд-слем турнир Вимболдон. Шампион во женска конкуренција беше тенисерката од Чешка, Маркета Вондрушова, додека шампион во машка конкуренција беше Шпанецот Карлос Алкараз. И веќе сите знаат дека тенисерите на овој турнир се облечени во бели и играат со жолти топчиња. Но зошто топчињата се жолти?

Тениското топче е толку неважен предмет во нашите животи што го земаме неговиот изглед здраво за готово.  И покрај неговото пасивно присуство во нашите живот, една од најжестоките интернет дебати во 2018 година се фокусираше на неговата препознатлива боја: дали е всушност жолта или зелена? Нијансата на бојата на топчето има и еден неверојатен извор: Дејвид Атенборо, легендарниот британски креатор на документарци, познат меѓународно по неговата серија „Планета Земја“. Токму тој одигра клучна улога во тоа како изгледа тениското топче денес.

Модерниот тенис своите корени ги влечи од англиската игра на тенис на трева, која според повеќето записи била измислена во 1870-тите. Тенисот на тревниците беше адаптација на играта со рекет во затворен простор „вистински тенис“, која сама по себе беше адаптација на француската забавна игра jeu de paume, или „играта со дланки“.

По многу промени, вклучително и топчиња направени од плута, волна, па дури и човечка коса, тениското топче ја доби својата идеална форма: топка направена од гумено јадро обвиткано во бела или црна мелена, цврсто ткаена и филцувана ткаенина.

Речиси еден век, тениските топчиња беа бели или црни. Дури во 1972 година, тениските топчиња ја добија својата светла неонско жолта нијанса. Во тоа време, Атенборо работеше како контролер во студио за Би-Би-Си. Во доцните 1960-ти тој го предводеше одделот на Би-Би-Си посветен на Вимблдон, можеби најкултниот тениски турнир, кој за прв пат се емитуваше во боја.

Емитувањето на тенис во боја ги оживуваше натпреварите, но го отежна следењето на топката на екранот – особено кога таа паѓаше во близина на белите линии. Така, Меѓународната тениска федерација (ИТФ) направи студија која покажа дека жолтите тениски ќе бидат полесно видливи за гледачите пред малите екрани..

Официјалната промена на правилата на ИТФ од 1972 година бараше сите регулациони топки да имаат униформа површина и да бидат со бела или жолта боја. Сепак, и покрај тешкотиите за ТВ гледачите, Вимблдон не ја промени бојата на топката во жолта до 1986 година.

Непогрешливата нијанса на тениското топче денес официјално е наречена „оптичка жолта“ од ИТФ. Но, пребарувањето на Google за „оптичка жолта боја“ води до онлајн енциклопедијата во боја ColorHexa. Таму, нијансата е наведена како #ccff00 и е означена како „Флуоресцентна жолта или Електрична лимета“.

Таа блага, матна линија помеѓу аналогните нијанси доведе до голема интернет дебата: Дали тениските топчиња се жолти или зелени? Потеклото на контроверзноста може да се бара наназад до сега избришаната објава на Твитер на @cgpgrey, која побара од корисниците „да помогнат во решавањето на брачниот спор“ и да гласаат за бојата на тениското топче. Твитот доведе до тоа медиуми како Атлантик длабоко да се нурнат во темата што ја допре човечката перцепција и теоријата на бои.

Дебатата стана популарна до тој степен што дури и тениската легенда Роџер Федерер се огласи, велејќи: „Тие се жолти, нели?“ И покрај ставот на ИТФ, генералниот консензус беше дека можеби нема да има вистински точен одговор.

Извор: CNN

Најново

Последни колумни