Зошто технолошките производи се појавуваат подоцна во Европа?

Европа добива нови технолошки производи со месеци задоцнување зад САД. Причините се GDPR, Законот за дигитални пазари и строги регулативи

Европјаните често добиваат пристап до големи технолошки производи месеци по САД, а понекогаш и без дел од функционалностите. Приватноста, Законот за дигитални пазари (DMA) и претпазливото лансирање се клучни фактори, што ги остава потрошувачите и бизнисите еден чекор поназад во продуктивност и примена на нови технологии.

Америка добива прва, Европа чека

Европјаните веќе се навикнати: она што се лансира во САД, до ЕУ стигнува со задоцнување од 3 до 5 месеци, а понекогаш и цела година.

Можеби некои од тие новитети изгледаат како „дополнителни погодности“, но доцнењето има реални последици. Американците добиваат предност во продуктивност, брзо ги интегрираат функциите во работниот тек, стануваат први корисници и креатори на туторијали, дури и монетизираат проекти пред тие да бидат достапни во ЕУ

Зошто Европа заостанува?

Не се сите доцнења директно поради европската регулатива, но таа сè почесто е главен фактор. Освен финансиски причини, европските стартапи често одлучуваат прво да се шират во САД, наведувајќи дека усогласеноста со ЕУ-регулации е пречка.

Многу технолошки компании го посочуваат Законот за дигитални пазари (DMA) како главна причина поради која европските корисници остануваат без иновации што се достапни во САД.

Но тоа не е сè:

GDPR (Општа регулатива за заштита на податоци) и неговата строга интерпретација на „лични податоци“ претставува голема бариера, особено за компании што работат со чувствителни податоци (на пр. здравствени стартапи)

Здравствената персонализирана технологија напредува во САД, додека во Европа стартапите немаат пристап до истите податоци.

Законот за вештачка интелигенција (AI Act) и неговата постапна имплементација, како и различни кодекси на однесување, доведуваат до одложено лансирање на AI производи во ЕУ

Регулативата станува сè потешка

DMA останува во сржта на дигиталната регулатива на ЕУ, но има и нови закани. Можно е реформата на GDPR да остане само козметичка. Новиот Закон за дигитална правичност (Digital Fairness Act) би можел да го намали персонализираното рекламирање, да укине некои функционалности на социјалните мрежи и да го смени бизнис-моделот на инфлуенсерите.

Примери на производи што доцнат во Европа

iPhone Mirroring (Apple)

Функцијата што овозможува контрола на iPhone преку Mac (на пример: работа на лаптоп додека се скрола Инстаграм на мониторот), не е достапна во ЕУ поради DMA и статусот на Apple како “gatekeeper”.

AirPods Pro 3 – Превод во живо

Новите AirPods ќе овозможат превод во реално време на уредот, за јазици како англиски, француски, германски, шпански…
Но, во ЕУ функцијата нема да се активира наскоро, повторно поради барањата за интероперабилност од DMA.

Starlink Direct-to-Cell (D2C)

Starlink овозможува пораки, повици и интернет директно преку сателит до обичен мобилен телефон, без потреба од дополнителен уред.

Но, во ЕУ услугата не е достапна, бидејќи потребни се договори со локални мобилни оператори, европските оператори се противат – се жалат дека користењето на спектарот би можело да предизвика мешање и ЕУ развива сопствен систем IRIS² за сателитска независност

Автономни такси услуги (Waymo)

Во САД веќе функционираат возила без возач во градови како Феникс, Лос Анџелес, Остин и Сан Франциско.

Во ЕУ, постојат само тест-проекти и пилот програми, како: „WeRide“ во Барселона, „KIRA“ во Германија

Од август 2025, Германија дозволи ниво 4 автономни возила, но само во строго дефинирани зони (на пр. на аеродроми).
Планови за 2026: Lyft + Baidu во Германија и Обединетото Кралство и Uber + Momenta во Минхен

Други производи со задоцнето или ограничено лансирање во ЕУ:

Threads (Meta)

Лансиран во САД на 5 јули 2023, во ЕУ дури на 14 декември 2023 – пет месеци подоцна, веројатно поради прашања со приватност.

Sora (OpenAI)

AI алатка за создавање видеа од текст. Достапна во САД од декември 2024, во ЕУ дури кон крајот на февруари 2025.

Apple Intelligence

Генеративна AI алатка на Apple. Лансирана во САД во октомври 2024, во ЕУ дури март-април 2025.

Google AI Overviews

AI функции во Google Search што даваат автоматски резиме. Лансирано во САД на 14 мај 2024, во ЕУ од март 2025.

Claude (Anthropic AI)

AI помошник. Достапен во САД и Велика Британија од јули 2023, во остатокот од ЕУ од 14 мај 2024.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни