Зошто сите знамиња се правоаголни, а само две се во форма на квадрат?

Речиси сите знамиња на светот се правоаголни, a само две се во облик на квадрат… Следат неколку занимливи факти за знамињата ширум светот.

1. Швајцарија и Ватикан имаат државни знамиња во облик на совршен квадрат. 2. Како што пишува „Квизклаб“, кога некоја земја избира симбол за своето знаме, тој обично носи посебно значење. На некои знамиња има животни, а на други – ѕвезди или други симболи. Некои земји пак, избрале измислени животни… На пр., знамето на Велс содржи змеј, а оние на Албанија, Србија и Црна Гора имаат двоглав орел.

3. Земјите обично користат бои поврзани со нивната историја. Тоа пак, ќе рече, повеќето национални држави ги претпочитаат основните бои – црвена, жолта, бела, сина… На пример, Романија и африканската Република Чад ја имаат истата сино-жолто-црвена тробојка на своите знамиња. 4. Само една земја на светов, има знаме кое не е четириаголно. Тоа е националното знаме на Непал – составено од два триаголника, еден над друг.

5. Најмалку популарна боја на знамињата е виолетовата. Само Доминикана и Никарагва – држави во Средна Америка, ја содржат оваа боја на нивните знамиња.

6. Белизе го сака шаренилото! Нивното знаме е најшаренолико во светот – со 12 бои прикажани на државниот симбол, коишто меѓу другото, ја одразуваат и мултиетничноста и мултикултурализмот на земјата.

7. Честа да го има најстарото знаме на светот, според „Квизклаб“, ѝ припаѓа на Данска. Нивното сегашно знаме првпат било користено 1625 година, но самиот дизајн, се верува, потекнува од раниот 13. век.

8. Истражување на канадскиот портал „Провинс“ од 2015 година, по гласање на читателите во 64 држави во цел свет, македонското државно знаме е прогласено за „најубаво национално знаме“ во светот. 

Извор: mia.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни