Зошто сино-црвената гума не брише пенкало?

Ако и вие сте меѓу оние кои мислеа дека синиот дел од гумата за бришење е за да ги избрше трагите од пенкало, сте биле во заблуда.

Синиот крај на гумата за бришење всушност е наменет за бришење на траги од графитни моливи од потешки и подебели видови хартија или темни траги.

Помекиот крај (црвено/портокалова) се користи за лесни видови хартија, како и за прецизно бришење.

На погрубата уметничка хартија, трагите од молив тешко се отстрануваат. Синиот крај на гумата е поостар и не се собира кога се користи на погруба хартија.

Извор: vecernji.ba

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни