“Сакав, но поради тоа ќе морав да бидам одвоен од семејството неколку месеци. Не можев да ја поднесам ни помислата на тоа”, рекол пејачот, кој со сопругата Ајда Филд има четири деца.
„Има еден куп работи што сакам да ги направам, а тоа е подобро само како идеја. Беше одлично да се каже на забава дека се играм себеси во филм. Но, кога дојде време да го направам тоа, ми здосади идејата“, додаде Роби.
Мајмунот, поточно шимпанзото, кој го глуми во филмот е создаден од компанијата Вета. Тие стојат зад ликот на Голум во серијата Господар на прстените, но и зад уште еден мајмун, Цезар во Планетата на мајмуните. За говорот е одговорен 32-годишниот актер Џоно Дејвис.
Режисерот Мајкл Грејси, кој го режираше и филмот „Најголемиот шоумен“, добил идеја пејачот да го глуми шимпанзо. „Сакав да го гледам филмот од поинаков агол“, рече тој.
Неодамна Роби се појави на премиерата на овој филм во Лондон. Таму беше во друштво на својата 45-годишна сопруга, актерката Ајда Филд, со која насмеано им позираше на фотографите. Двојката има четири заеднички деца – ќерките Теди (12) и Коко (6) и синовите Чарли (10) и Бо (4).