Зошто се враќаат килограмите по успешни диети? 

Швајцарските научници ја открија причината за јо-јо ефектот. Тие во своите истражувања откриле дека  маснотиите „се сеќаваат“ на претходната дебелина, што им отежнува на луѓето да одржуваат нормална телесна тежина по губењето килограми. 

Истражувачите од Федералниот институт за технологија во Цирих, Швајцарија, покажаа дека масните клетки кај дебелите луѓе се сеќаваат на нивната претходна состојба на дебелина и, следствено, имаат тенденција да се вратат во оваа состојба, што може да објасни зошто на многу луѓе им е тешко да ја одржат својата телесна тежина по почетна губење на тежината. 

„Оваа ‘биолошка меморија’ се чини дека ги подготвува масните клетки побрзо да реагираат на шеќери или масни киселини – објаснува професорот Фердинанд фон Мејен од Федералниот институт за технологија во Цирих и главен автор на студијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни