Зошто сè повеќе туристи се враќаат на исти дестинации

Во време на растечки стрес и забрзано секојдневие, сè поголем број туристи наместо авантура и непознато решаваат да се вратат на истите места, истите хотели и дури истите рутини од година во година.

Психолозите велат дека зад овој тренд се крие многу повеќе од носталгија.

Фотографот Џејсон Грин и неговото семејство веќе 15 години патуваат од Њујорк до Монт Тремблан во Квебек, каде што ја повторуваат истата традиција: карамела на стапче, лизгање на мраз и посета на локалната продавница за бомбони. „Ова место е дел од нашето семејство, тука сите научивме да скијаме,“ вели Грин.

Клиничкиот психолог Шарлот Расел објаснува дека повторувањето носи чувство на безбедност, особено кај луѓе кои се преплавени од обврски. „Кога знаеме што да очекуваме, ризикот од непријатни изненадувања е помал. Затоа враќањето на истите дестинации може да биде неверојатно смирувачко,“ вели таа.

Слично чувство ја враќа Ребека Тајгер која патем е социолог, во Атина, дури осум пати досега, а деветтата посета веќе е закажана. „Исто соседство, истите кафулиња, истите мачки. Но секогаш има нешто ново да се открие,“ вели таа. Со тек на време воспоставила и пријателства со локални жители.

Истражувањата го потврдуваат трендот: според извештајот Priceline „Where to Next? 2026“, 73% од испитаниците сакаат да се вратат на места што ги формирале во детството, од плажи, забавни паркови, до семејни одморалишта. Hilton бележи дека 58% од родителите планираат да ги однесат своите деца на истите дестинации што тие ги посетувале како мали.

Но експертите предупредуваат дека повторувањето има и граница. Расел објаснува дека мозокот со време се навикнува и задоволството опаѓа, феномен наречен „хедонистичка адаптација“. Затоа е важно да се внесе малку новина, како ново хоби, нова прошетка или ново јадење во омиленото место.

Авторот на текстот, на пример, се враќа во Англија не за да го повторува истото искуство, туку за да гледа нови фудбалски натпревари, нови претстави и да истражува нови патеки. Така, познатото добива нов сјај.

„Грција ми е како втор дом,“ вели Тајгер. „Фамилијарна е, но во исто време доволно поинаква за да ме инспирира. Во тоа се крие магијата.“

Во една светска средина што е сè покомплексна, повтореното патување, со доза на ново, станува формула за одмор која им помага на луѓето навистина да здивнат.

Извор: BBC

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни