Зошто сè повеќе луѓе се зависни од Фејсбук и Инстаграм?

Мета, компанијата зад Фејсбук и Инстаграм, неодамна објави дека корисниците поминуваат значително повеќе време на овие социјални мрежи, и тоа благодарение на новиот алгоритам заснован на вештачка интелигенција. Со оваа иновација, вештачката интелигенција не само што ги анализира навиките на корисниците, туку и создава персонализирани фиди што ги држат приковани на екранот.

Резултатите? Времето кое корисниците го поминуваат на Facebook пораснало за 8%, додека на Instagram за 6%. Експертите проценуваат дека ова би можело да значи дури 15 дополнителни часови месечно поминати на овие апликации!

Ако сте се прашувале зошто никогаш не можете да се исклучите од социјалните мрежи, ова е одговорот: алгоритмите сега работат за вас, а не за вашето добро. Со новиот фид што ќе биде целосно генериран преку вештачка интелигенција, Мета има големи планови за зголемување на ангажманот и приходите од реклами.

Но, постои и друга страна на оваа медалија – додатните трошоци за развојот на вештачката интелигенција ќе бидат значителни. Но, како што се чини, Мета е подготвена да вложи за да го задржи корисничкото внимание и да ги максимизира своите приходи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни