Зошто пчелите умираат откако ќе каснат човек?

Многумина се плашат од болниот убод на пчелите, но дали знаете дека тоа е смртоносен чин за нив?
Фото: Hadi, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Иако повеќето знаат дека пчелите умираат откако ќе убодат некого, повеќето не ги знаат деталите. Како што објаснуваат лекарите, кога пчела ќе касне човек, нејзиното осило се заглавува во кожата.

Пчелата не може лесно да го отстрани осилото што има фатални последици за неа – кога ќе се обиде да избега, тоа останува во кожата, а пчелата буквално ги губи внатрешните органи и умира.

Токму поради тоа пчелите ретко напаѓаат луѓето, односно тоа го прават само кога се чувствуваат загрозени, бидејќи тоа ги чини живот.

За разлика од нив, осите имаат осила и можат повеќекратно да боцкаат без последици.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни