Зошто олимписките скокачи во базен носат мали гаќички за капење?

 Францускиот пливач Жул Бује минатата недела се натпреваруваше во машки синхронизирани скокови на Олимписките игри во Париз. Додека тој се фокусираше на освојување медал, гледачите на социјалните мрежи беа фокусирани на неговите гакички за капење.

Некои тврдеа дека неговите гаќички изгледаат непримерно, што доведе до тоа олимпиецот да реагира и одговори на коментарите. За Ројтерс тој изјави дека доколку некому му пречи неговиот пливачки костим тоа е нивен проблем, но додаде дека е забавно што на некои луѓе им е интересно да ги гледаат неговите гаќички.

„Не смееме да заборавиме дека тоа може спористот да го извлече од неговата зона на комфорт и да го повреди. Тоа не беше случај кај мене, мене ми беше забавно. Повеќе сакам кога луѓето ги гледаат моите скокови отколу гаќи, но тоа не е причина за грижа“ вели Бује.

Бује со спортот започнал да се занимава пред шест години, а во 2020 година стана дел од францускиот тим. Една година подоцна ја освои титулата јуниорски европски и јуниорски светски шампион, а сега се пласираше и на игрите во Париз.

Том Дејли од Велика Британија во 2016 година во интервју откри дека пливачите мора да носат помали гаќички за капење.

„Мора да бидат мали, бидејќи се мора да остане на место. Кога се движите, последно нешто што сакате да се случи е нешто да ви испадне. А кога удирате во вода, не сакате работите да бидат многу слободни, бидејќи тоа би болело“ изјави Дејли.

Извор: Индекс.хр

Најново

Последни колумни