Зошто никогаш не треба да го носите телефонот во бањата

Доколку го носите мобилниот телефон во бањата и за време додека се туширате, треба да знаете дека тоа не е добра идеја.

Тиктокерката Енди, на својот профил Best Finds Bestie откри, колку нејзиниот телефон станал извалкан затоа што додека се тиширала, во бањата бил и нејзиниот мобилен телефон..

Таа објасни дека кога оди во бањата го носи мобилниот телефон за да пее додека се тушира, а во објавеното видео ја покажува својата празна футрола за телефон внатре покриена со црна мувла. 

„Убедена сум дека мувлата на маската, (најверојатно направена од силикон), е предизвикана од влажноста во бањата. 

Предупредувањето на тиктокерката Енди преку социјалните мрежи, го пренесе NY Post.

Повеќето од нејзините следбеници беа шокирани од нејзината нехигиената. Повеќето од коментари се однесуваа на тоа, дека ‘никогаш порано не го доживеале проблемот бидејќи ги чистеле своите маски’.

„Дали ги вадите маските од телефоните за повремено да ги исчистите?, напиша еден следбеник.

„Срамота е да не ги чистите маските бидејќи телефонот доаѓа во контакт со различни површини, а потоа со него го допирате лицето. Секако дека треба да ги исчистите“, напиша друг.

Некои од следбениците ѝ предложија да го стави телефонот во пластична ќеса. 

А, други пак, сепак, потврдија дека сепак и тие пронашле мувла во куќиштата за мобилни телефони.

Мувлите „може да се најдат речиси насекаде“ и можат да претставуваат сериозни здравствени ризици, предупреди американската Агенција за заштита на животната средина. Црна мувла, која се појави во случајот на Енди, „обично се јавува во влажни или оштетени делови од вода“, според Клиниката во Кливленд, според NY Post.

Иако ретко предизвикува сериозни болести, изложеноста на црна мувла може да предизвика габична инфекција,но и  влошување на симптомите на астма.

За да нема мувла, неопходно е да се контролира нивото на влажност и редовно да се чисти површината на телефонот и куќиштето. Apple предлага да ја избришете надворешноста на телефонот со крпа натопена со 70 отсто изопропил алкохол, 75 отсто етил алкохол или марамчиња за дезинфекција, но секогаш да се внимава да не влезе влага во отворите. Не се препорачува употреба на производи кои содржат водород пероксид.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни