Главната причина за повлекувањето се врзува со можното учество на Израел, кое предизвикува поделби меѓу учесниците. Европската радиодифузна унија (EBU) во моментов се консултира со националните емитери, а конечната одлука дали Израел ќе настапи се очекува на Генералното собрание во декември.
Неколку земји, меѓу кои Словенија, Ирска и Холандија, јасно најавиле дека ќе се повлечат доколку Израел учествува. Исланд и Шпанија, пак, соопштиле дека можеби ќе го следат овој пример. Според националните емитери од овие земји, учеството заедно со Израел би било „несовесно“.
Србија, пак, ја поднела својата пријава, па следната година нејзиниот претставник ќе се бори за победа на фестивалот во Виена.
Извор: N1info.rs