Зошто некои луѓе се чувствуваат осамени за време на празниците?

Тој истакнува дека „луѓето кои имаат било какви проблеми со менталното здравје, повеќе ќе се чувствуваат осамени, бидејќи потешко ќе можат да се поврзат со другите луѓе“.

Самотија и осаменост се два сосема различни поими, а за време на празниците чувството на осаменост е тоа што е поизразено, особено кај оние кои живеат сами, но и кај постарите луѓе.

„Тоа е кога некој е сам, но не мора нужно да се чувствува лошо поради тоа. Осаменоста може да значи дури и обратно – кога некој се чувствува изолирано и неповрзано со другите луѓе, дури и кога е опкружен со нив“, Горан Томин, клинички психолог и психотерапевт.

Секако, чувството на осаменост може да биде уште поголемо ако некој е сам и се чувствува осамен.

Како што велат, „луѓето кои ги сакаме секогаш ги носиме со себе“ и ако имаме многу од таа љубов во себе и во контакт сме со неа, тогаш не ќе бидеме осамени, вели Томин и додава дека не ќе се чувствуваме како да сме сами на светот, иако тие лица не се физички покрај нас.

Тој истакнува дека „луѓето кои имаат било какви проблеми со менталното здравје, повеќе ќе се чувствуваат осамени, бидејќи потешко ќе можат да се поврзат со другите луѓе“.

Осаменоста е внатрешна состојба која подразбира дека се чувствуваме празни, односно дека не сме поврзани со нешто што е добро и со некои луѓе кои ги сакаме. Исто така може да биде поврзана и со недоразбирање.

„Значи, можеме да бидеме најосамени во љубовна врска или во брак со личност со која живееме“, додава психологот.

Чувството на осаменост се зголемува за време на празниците

„Овде се работи за надворешен фактор. Тоа е еден општествен конструктив, тие празници, и на некој начин е диктирано како тоа треба да изгледа. Ние тогаш гледаме филмови, каде било да одиме е наредба „биди среќен сега“. И тоа на некој начин, ако тоа не е случај во нашиот внатрешен свет, може само да ја зголеми разликата помеѓу она што е надвор и она што е внатре, односно да ја интензивира таа осаменост“, објаснува Томин.

Како што наведува, „тоа што е надвор, тој императив да се биде среќен го зголемува чувството на осаменост кај оној кој веќе е осамен“ и додава дека кај оној кој не е осамен тоа нема да се случи. Тој ќе може да ужива во тие зимски чуда, бидејќи внатре е добро, среќен е и полн со љубов.

Кој најмногу се чувствува осамено за време на празниците?

Томин смета дека чувството на осаменост најчесто се јавува кај оние кои живеат сами, кои се физички изолирани, одвоени од своите семејства по било која причина.

Тука се и постарите лица, како и сите кои имаат било какви потешкотии со менталното здравје, кои секогаш го зголемуваат чувството на осаменост, бидејќи луѓето тешко разбираат како се чувствува некој кој се бори со некои ментални проблеми.

„Тинејџерите сами по себе не припаѓаат во оваа група, но тие тинејџери кои поминуваат низ некоја криза, која психотерапевтите ја нарекуваат адолесцентна криза, можат да се чувствуваат осамено, но тие тоа поинаку го изразуваат“, вели Томин.

Меѓутоа, ако се во дисфункционални семејства, психологот вели дека можат да бидат драстично осамени, ако родителите не ги разбираат или ако имаат нарушени односи со родителите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни