Зошто не ви требаат намирници со додадени протеини?

Додавањето протеин во храна е корисно – но главно за профитот на производителите, не за вашето здравје

Во време кога протеински барови, млека, палачинки и дури пуканки со „висока содржина на протеини“ го преплавуваат пазарот, нутриционистите испраќаат јасна порака: на повеќето луѓе не им треба дополнителен протеин.

„Додавањето протеин во храна е корисно – но главно за профитот на производителите, не за вашето здравје“, вели д-р Федерика Амати, водечки нутриционист на Империјал Колеџ во Лондон и во здравствената компанија ZOE.

Што е протеин и колку ни треба?

Протеините се основни хранливи материи (макронутриенти), заедно со јаглехидратите и мастите. Тие се составени од аминокиселини и играат клучна улога во обновата на ткивата, функционирањето на клетките, мускулите и кожата.

Светската здравствена организација препорачува: 0.8 грама по килограм телесна тежина дневно што значи околу 60 грама за мажи и 50 грама за жени.

„Ако јадете доволно храна, веројатно внесувате доволно протеин“, вели Бриџет Бенелам, нутриционист од Британската фондација за исхрана. Таа додава дека повеќето луѓе во земји како САД и Велика Британија немаат потреба од дополнителни протеински додатоци, освен ако немаат специфично медицинско состојба.

Од каде да внесувате протеин?

Протеините треба да се внесуваат од различни извори: Животински: месо, риба, јајца, млеко, јогурт. Билни: грав, леќа, грашок, јаткасти плодови, семки, тофу, темпе и растителни замени за месо.

„Подобро е да внесувате протеини рамномерно во текот на денот, наместо сè во еден оброк“, советува Бенелам.

За оние кои сакаат повеќе мускули или подобра телесна композиција, одговорот не е во протеински пијалаци.

„Ако сакате да ја зголемите мускулната маса и сила – вежбајте. Подигнувањето тегови е многу поефикасно од чоколатце со протеин“, вели д-р Амати.

Повеќе протеини не значи автоматски повеќе здравје. Најдобриот пристап е избалансирана исхрана со природни извори на протеини и активен начин на живот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни