Зошто на некои телефони Фејсбук логото стана црно?

Во четвртокот некои луѓе забележаа нешто чудно и необично на нивните телефони – иконата за апликацијата Фејсбук стана црна со сино „ф“.

Од компанијата соопштија дека иконата не се променила кај сите корисници, туку само кај одреден број. Тие исто така кажаа дека тоа што иконата се појавила црна кај дел од корисниците била само техничка грешка.

На Редит, корсиците редовно ги следат дури и најмалите промени на апликациите и кажуваат дека често постојат промени во нијансите на боите, со цел да се разликуваат одредени ажурирања.

„Причина за промената беше техничка грешка која сега е решена. Луѓето ќе ја видат промената откако ќе ги ажурираат нивните апликации“ изјави Дејв Арнолд од Мета.

Најново

Последни колумни