Search

Зошто морската вода е солена?

Солената вода на морето, позната и како салинитет е резултат на присуството на растоврени соли кои потекнуваат од земјината кора и во океаните се пренесуваат преку реките, дождовите и подземните води.

Дождовната вода ги еродира карпите на копното, испуштајќи минерали во реките. Овие минерали, вклучително и натриум хлорид (сол за готвење), на крајот завршуваат во морињата. Кога ќе влезат во морето, овие минерали се диструбираат преку морските струии. Со текот на времето солите се акумилираат, бидејќи не постои значителен механизам за нивно отстранувањето од морето, а нови соли постојано доаѓаат.

Кога морската вода испарува, солите остануваат. Овој процес ја концентрира содржината на сол во преостанатата вода, што придонесува за вкупната сол во морињата.

Подводните вулкански ерупции и хидротермални отвори исто така испуштаат дополнителни минерали и соли во океаните, што дополнително ја зголемуваат соленоста на морињата.

Салинитетот на океаните се одржува со рамнотежа помеѓу солите кои влгеуваат во морињата и процесите кои ги отстрануваат, како што се седиментацијата и биолошката апсорпција.

Најсолено море на светот е Мртвото море, додека најмалку солено е Балтичкото море.

Извор: Данас.рс

Најново

Последни колумни