Зошто мажите ги привлекуваат постари жени

Повозрасните мажи немаат проблем да се забавуваат со помлади девојки, а се почести се примерите на врски во кои жените се постари од момците. Забавата со постара жена има многу предности.

Имаат поширок поглед на светот
Со годините доаѓаат и искуството и мудроста па затоа често многумина се одлучуваат да одберат повозрасен партнер. Тие веќе имаат поголемо животно искуство што може да има влијание врз промена на погледите на работите. Постарите жени се пософистицирани од младите, знаат многу повеќе од нив и благодарение на искуството имаат што да понудат.

Имаат финансиска стабилност
Доколку сте во интимна врска со постара жена поголема е веројатноста дека нема да имате никакви финансиски проблеми. Жените кои зад себе веќе имаат кариера заработуваат многу повеќе од младите девојки. Следствено на тоа никогаш нема да имате финансиски препреки за некои активности кои ќе ве прават среќни.

Постарите жени знаат што сакаат и отворено зборуваат за тоа
Младите жени се исти како и мажите, постојано имаат потреба од себе пронаоѓање. Скоро никогаш не се сигурни што сакаат, што ги возбудува или пак што очекуваат од партнерот. За разлика од нив постарите жени веќе имаат јасна слика за тоа што сакаат, а што не. Водени од своето животно искуство скоро никогаш не се срамат да го побараат од младиот партнер тоа што им се допаѓа.

Со нив секогаш имате за што да разговарате
Разговорите со постара жена секогаш ви овозможуваат да откриете нови хоризонти. Со жена која има од 35 до 50 години можете да имате конструктивен и детален разговор за разлика од девојки од 20 до 25 години кои сè уште истражуваат по кои правила функционира животот.

Имаат солидно сексуално искуство
Постарите жени секогаш внесуваат иновативност во врската кога е во прашање сексот, па затоа често во целост ги задоволуваат апетитите на младите момци. Доколку сте заинтересирани да пробате нешто ново и да експериментирате во кревет идеална партнерка секогаш е постара жена. Постара жена можете да запознаете на секое место каде можете да ја сретнете и младата девојка, но најголема е веројатноста дека тоа ќе се случи на социјалните мрежи.

Извор: espreso.co.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни