Зошто луѓето ја сакаат болката од лутите пиперки? Науката ја открива тајната на капсаицинот

Лутите пиперки одамна се претворени во светски гастрономски феномен, а нивната моќ лежи во една единствена состојка – капсаицинот.

Овaa природна хемиска состојка, создадена како заштита на растението, кај луѓето предизвикува необична и контрадикторна реакција: болка што многумина ја доживуваат како задоволство.

Годишно, во светски рамки се консумираат неверојатни 57,3 милиони тони лути пиперки, бројка што сведочи за нивниот глобален културен и гастрономски подем. Научниците нудат повеќе одговори – од еволуциона биологија, преку невронаука и психологија, до археологија – за да објаснат како овој пикантен плод станал една од најшироко одгледуваните и највлијателни зачини во светот.

Истражувањата покажуваат дека капсаицинот првично еволуирал како заштита: наменет да ги одврати животните што би го оштетиле плодот. Но човекот, наместо да го избегнува, научил да го контролира и да ужива во болката. Невронаучните студии откриваат дека болката од капсаицинот активира ендорфини и допамин – природни хемикалии во мозокот – што создава уникатна мешавина од болка и задоволство.

Од друга страна, археолошките наоди докажуваат дека лутите пиперки се користеле уште пред илјадници години во Централна и Јужна Америка, долго пред да станат глобална гастрономска сензација.

Извор: BBC

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни