Светот во последните три децении се промени на многу начини, а овие промени се чувствуваат и во спалната соба. Сè повеќе студии покажуваат дека луѓето денес имаат помалку секс отколку пред 30 години, а кај многумина е забележлив и пад на сексуалната желба. Овој тренд не се однесува само на самци се забележува и кај парови во долги врски и бракови.
Податоци што говорат
Истражувањето на сексуалните навики во Велика Британија (Natsal) покажува дека во 1990 година, млади лица од 16 до 24 години имале во просек околу пет сексуални односи месечно. До 2010 година, просекот паднал на три. Падот е особено забележлив кај паровите кои живеат заедно, како венчани, така и невенчани, но и кај постарите возрасни групи.
„Во текот на годините гледаме пад кај сите групи. Истина е дека денес помалку парови живеат заедно отколку во 90-тите, што делумно ја објаснува ситуацијата, но дури и кај оние кои живеат заедно, бројот на односи е намален“, вели Соазин Клифтон, академска директорка на Natsal.
Стрес, екрани и чувство на осаменост
Clifton посочува дека нема еден „виновник“, но студиите укажуваат на комбинација на фактори. Една од најголемите промени е дигиталниот живот: луѓето се постојано онлајн, постојано достапни и постојано одвлечени. Наместо да се посветат еден на друг навечер, многумина се со телефони, серии, скролирање или работа.
Друг важен фактор е стресот. Д-р Бен Дејвис, општ лекар и сексуален терапевт, истакнува дека денес често се комбинираат: стрес + лошо расположение + осаменост.
„Јасно, тука е технологијата, но и растот на стресот, депресијата и осаменоста. Сето тоа може сериозно да ја намали сексуалната желба“, објаснува тој.
Хормони и либидо
Со екраните и секојдневниот притисок, важен фактор е и тестостеронот хормон кој го имаат и мажи и жени и кој е клучен за либидото. Нивото природно почнува да паѓа по 30-тата година, но кај дел од луѓето падот доаѓа порано или е поизразен.
Професор Џефри Хакет уролог и член на Британското друштво за сексуална медицина, посочува дека кај мажите падот на тестостеронот е сè повеќе забележлив, а дел од причините се поврзани со современиот начин на живот: прекумерна тежина, дијабетес тип 2 и сè повеќе седење.
„Кога тестостеронот паѓа, често паѓа и сексуалната желба“, заклучува Хакет
Извор: Index Magazin