Зошто Korean Air ќе бара од патниците да се вагаат пред да се качат на авион?

Фото: SeongJoon Cho/Bloomberg/Getty Images

Од патниците кои летаат со Korean Air во следните неколку недели може да биде побарано да направат уште еден чекор пред да се качат на авионот – да се качат на вагата.

Сепак, политиката нема никаква врска со засрамување на телото. Korean Air е една од многуте авиокомпании ширум светот од која се бара периодично да обезбедува податоци за тежината на авионот.

Според соопштението на авиокомпанијата, програмата ќе влијае на некои патници кои заминуваат од меѓународниот аеродром Гимпо (GMP) од 28 август до 3 септември и од меѓународниот аеродром Инчеон (ICA) помеѓу 8 и 19 септември.

И патниците и багажот ќе се мерат анонимно, а податоците потоа ќе бидат споделени со Министерството за земјиште, инфраструктура и транспорт на земјата.

Ако некој патник претпочита да не се собираат податоците за неговата тежина, Korean Air потврдува дека може да се откаже со тоа што ќе го екипажот.

Иако некои патници може да бидат изненадени кога ќе им биде побарано да се качат на вага, оваа одлука не ја носат авиокомпаниите, таа честопати е наложена од владините регулатори.

Претходно оваа година, Air New Zeland спроведе слична програма со некои од клиентите кои летаат на нејзините меѓународни линии, како што се ултра долгите релации меѓу Окленд и Њујоршкиот ЏФК.

„Знаеме дека стапнувањето на вагата може да биде застрашувачко. Сакаме да ги увериме нашите клиенти дека никаде нема видлив приказ. Никој не може да ја види вашата тежина, дури ни ние“, рече тогаш претставник на Air NZ, националниот авиопревозник на земјата.

Откако ќе се соберат податоци, тоа им помага на авиокомпаниите да донесуваат одлуки за потребите за гориво и распределбата на тежината во авионот.

Извор: CNN

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни