Принцезата од Велс се повлече од списокот на гости на Ројал Аскот, еден од најпознатите социјални и спортски настани во Британија, за да продолжи да закрепнува и да најде рамнотежа по повеќемесечната битка со ракот, пишува Business Insider.
Сè уште не е јасно што точно се случило, но Кејт Мидлтон одеднаш го откажа своето присуство на петдневните трки со коњи „Ројал Аскот“. Таа денеска требаше да се појави во свечена кочија, но нејзиното присуство беше откажано во последен момент. Иако претходно објави дека завршила превентивна хемотерапија по дијагнозата на ракот, многумина беа загрижени дека нејзиното здравје се влошило.

Пред само неколку дена Кејт се појави на парадата:
Кралската дописничка Даниел Стејси рече дека принцезата го изразила своето разочарување што нема да може да присуствува на престижните трки во Беркшир оваа година со сопругот принцот Вилијам, кралот Чарлс и кралицата Камила.
Кејт беше најавена како учесник во традиционалната празнична поворка со кочии, заедно со нејзиниот сопруг и професионален играч на голф Џастин Роуз и неговата сопруга Кејт Филипс. Кралскиот двор потврди дека тој нема да се појави.
Нејзината мајка Керол Мидлтон и сопругата на Џејмс Мидлтон, Ализ Тевен, навистина се појавија во Ројал Аскот.