Зошто избегнувањето на наглиот скок на шеќерот во крвта е важно за губење на тежината

Наглиот пораст на шеќерот во крвта, или како што се нарекува, гликемискиот пик, се случува кога внесуваме храна која е богата со јаглени хидрати (слатки, тестенини, но и популарни здрава храна како банани) без да ги комбинираме со други хранливи материи како што се влакна и протеини.

На интернетот се појавуваат нови механизми за регулирање на телесните процеси кои некој ги „открива“ како решение за постигнување одреден резултат. Еден таков механизам кој неодамна стана популарен на социјалните мрежи е контролата на нивоата на шеќер во крвта, особено за оние кои сакаат да ослабнат.

Наглиот пораст на шеќерот во крвта, или како што се нарекува, гликемискиот пик, се случува кога внесуваме храна која е богата со јаглени хидрати (слатки, тестенини, но и популарни здрава храна како банани) без да ги комбинираме со други хранливи материи како што се влакна и протеини.

Кога внесуваме јаглехидрати, тие се разградуваат во телото и се претвораат во гликоза (вид на шеќер).

„Кога нивото на шеќер во крвта се зголемува, телото се обидува да го намали тоа преку лачење на инсулин, хормон кој е одговорен за ‘чистење’ на вишокот шеќер од крвта и негов транспорт во клетките“, објаснува Ливија Хасегава, нутриционистка и специјалистка за физиологија на вежбање од Бразил.

Меѓутоа, кога количината на шеќер е премногу голема и инсулинот не може да ја регулира, телото создава залихи на масти, што не е посакувано.

Токму поради овој механизам, експертите го објаснуваат зголемувањето на шеќерот во крвта како основен процес кој води до складирање на непожелни килограми, а исто така е и фактор за долгорочни здравствени проблеми.

За среќа, ова може да се контролира со едноставни промени во исхраната и животниот стил.

Дијабетичарите, кои имаат проблем со лачењето на инсулин, го сметаат ова како сериозен проблем.

Токму тој пораст на шеќер може да предизвика моменти на екстремен умор, силна жед и замаглен вид.

Во потешки случаи, кога телото не може да го користи шеќерот како извор на енергија, почнува да согорува масти и да создава „кетонски тела“. Овие супстанции кога се таложат во големи количини, ја прават крвта кисела и може да го загрозат функционирањето на органите и да доведат до сериозни компликации, како оштетување на бубрезите и срцето.

„Во такви случаи, кога пациентот внесува храна со многу висок гликемиски индекс, неопходно е да се користат лекови кои ќе ја заменат функцијата на инсулинот“, вели Маријана Мелендез, нутриционистка и студент на постдипломски студии за клинички истражувања на Харвард Универзитетот.

Иако телото на здравите луѓе има природни механизми за регулирање на шеќерот во крвта, тоа не значи дека тие се целосно заштитени од негативните последици.

„Кога нивото на шеќер во крвта е повишено долго време, може да има токсичен ефект на крвните садови.

„Дури и луѓе кои не се дијабетичари, може да развијат здравствени проблеми ако нивната исхрана не содржи доволно влакна и протеини кои помагаат да се намали порастот на шеќерот во крвта“, објаснува Мелендез.

Наглиот пораст на шеќерот во крвта има директен ефект на таложење на мастите. „Инсулинот кој го лачиме за да го отстраниме вишокот шеќер од крвта е анаболен хормон, што значи дека сигнализира на телото да складира енергија. Овој механизам на складирање го претвора вишокот на гликоза во масти, најчесто околу стомакот“, додава Хасегава.

Важно е да се разбере дека овој процес не е единствениот фактор за зголемување на телесната тежина. Друг фактор е внесот на повеќе калории отколку што е потребно за телото.

„Кога внесувате повеќе калории отколку што ви треба, без разлика дали потекнуваат од јаглехидрати, масти или протеини, тоа може да доведе до складирање на масти“, додава таа.

Еден од клучните советите е комбинирањето на јаглехидрати со влакна и протеини за да се избегне наглиот пораст на шеќерот во крвта.

„Внесувањето на влакна и протеини пред јаглехидрати помага да се забави апсорпцијата на гликозата. На пример, пред да јадете тестенини, започнете со салата и додајте извор на протеини, како што се месото или пилешко месо“.

Така, комбинирањето на храната може да има позитивен ефект на регулирање на шеќерот во крвта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни