Зошто ги пуштаме козите на снег – Улежана коза потешко се јари

Маѓепсан од снежната убавина направив многу фотографии па ќе се обидам да додадам и едукативен елемент – пишува на Фејсбук профилот „Кози Млеко Планина“.

Зашто ги пуштаме на снег?

Не излегуваме примарно заради јадење, туку заради здравје, прошетка по сонце и снег е еден од најубавите феномени и погоден за трудните кози, уште години наназад на моја среќа и чест мојот неформален професор дедо Мирче од соседно Булачани кој сето знаење околу козите ми го довери и на секое мое прашање со радост одговори, и во овој дел спомна “улежана коза потешко се јари”.

Што јадат козите во вакви околности?

Најпрво задолжително добиваат појадок дома па потоа излегуваат на уживање и дегустација, во природа овој период брстат – односно ги грицкаат завршетоци на гранчињата кои зазимуваат, под дабовите дрва се наситуваат со желадите, прибираат од капината и шипинката, наоѓаат треви и по прошетката во јасле добиваат и сено како би се избалансирала храната која ја внесуваат во текот на денот.

На почеток кога ќе ги пуштам се збеснати, растрчани и по малку мајмунки но по некое време се стабилизираат и ги слушаат моите команди, некоја од нив знае да се сврти во смисол “сега каде?”.

Кратка прекрасна прошетка, но уморува, штом дојде 3 часот снегот почнува да стега и студот завладува.

Извор: agrotim.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни