Зошто е важна сезонската храна и што да се јаде во пролет?

Трендовите за органска храна и здрав начин на исхрана толку многу се распространија што е практично не возможно да ги избегнете. Можеби нема да ги практикувате, но сигурно ги слушате и читате постојано. Сепак треба да се разграничи што е т.н здрав начин на исхрана, а што е сезонска храна?

Што е сезонска исхрана?

Овој термин значи консумирање храна која е „во сезона“ и се произведува локално. Иако терминот „локално“ може да има широко значење, тој генерално сугерира дека храната што се консумира не патувала долг пат од од местото на производство до вашата трпеза.

Иако во текот на годината ни се достапни многу видови на овошје и зеленчук, размислете од каде потекнуваат и колку се хемиски третирани. Доколку се одлучите за храна која моментално е достапна во вашето подрачје или чија сезона е во полн ек, избегнувате храна што е со послаб квалитет. Да, сите ние би сакале да јадеме јагоди во текот на целата година, но оние кои се одгледуваат надвор од сезоната честопати се хемиски третирани, рано се берат и поминуваат многу долго од берењето до чинијата, за да созреат. Од моментот на собирање, овошјето и зеленчукот постепено ја губат свежината и хранливоста.

Зошто сезонска храна?

Промената на годишните времиња е феномен кој влијае на целиот жив свет. Прилично е дрско да се држиме до ставот дека тоа не влијае на луѓето, нели? Иако ние самите не забележуваме некои од овие промени на ист начин како што забележуваме паѓање на лисјата, тоа не значи дека тие не се случуваат.

За жал, овие промени не се секогаш имаат добар ефект. На пример, пролетта е позната по тоа што со себе го носи т.н пролетен замор, сезонски грип, како и зголемување на некои хронични заболувања, како и алергии. Со други зборови, биоритамот е одговорен за сè, вклучувајќи ги и предизвиците со кои се соочува нашето тело. Поради сите овие причини, промената на годишните времиња претставува еден вид стрес за нашето тело, а правилните промени во исхраната му помагаат побрзо и поефикасно да се прилагоди на нив.

Што да се јаде во пролет?

Еве неколку совети како да се храните избалансирано по зимата.

Локално овошје и зеленчук – во ред, ова е совет кој не важи исклучиво за овој период, но важно е што поголем дел од храната што ја консумирате да биде сезонска и локална. Поедноставно кажано, ананасот за многумина е прекрасно овошје, но нутритивно е многу повреден таму каде што расте отколку кај нас. Тоа не значи дека никогаш не треба да се јаде, туку едноставно најголемиот дел од внесот на овошје и зеленчук треба да се прилагоди на времето и местото каде што се наоѓате. Постојат некои исклучоци од ова правило, на пример авокадо и разни видови бобинки кои можат да се конзумираат и замрзнат, бидејќи тие на претрпуваат значително губење на хранливите материи.

Конзумирајте протеин умерено – напролет не ви требаат големи количества протеини, еден до два оброка дневно кои ги содржат се повеќе од доволни. Не заборавајте дека месото не е единствениот извор на протеини и дека покрај другите извори на животински протеини како што се јајцата и млечните производи, има и растителни како мешунките. Не претерувајте со протеините од животинско потекло, но не ги исклучувајте целосно без консултација со лекар, особено не во случај на бременост, односно отсуство на менструација.

Намалете ја количината на пржена и зготвена храна – во овој период од годината се препорачува консумирање свежа храна во поголеми количини, како и храна на пареа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни