Зошто е добро да јадете јаболко секој ден: Осум неверојатни придобивки за вашето здравје

Јаболкото го зајакнува срцето, варењето и имунитетот. Дознајте зошто една јаболка дневно навистина може да го чува вашето здравје.

Науката потврдува дека редовното консумирање јаболка навистина има бројни здравствени придобивки.

Јаболките содржат растворливи влакна кои го намалуваат нивото на „лошиот“ LDL холестерол и го штитат срцето. Богати се и со полифеноли – растителни соединенија кои го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Помош при дијабетес тип 2

Иако се слатки, јаболките имаат низок гликемиски индекс, па не предизвикуваат нагли скокови на шеќер во крвта. Влакната ја успоруваат апсорпцијата на шеќер, а полифенолите ја подобруваат чувствителноста на инсулин.

Заштита на клетките

Комбинацијата од витамин Ц и антиоксиданси во јаболката ги штити клетките од оштетувања предизвикани од слободни радикали – фактор кој се поврзува со рак и болести на срцето.

Намалување на воспаленија

Супстанцијата кверцетин, која се наоѓа во кората на јаболкото, го регулира имунолошкиот одговор и ги намалува воспалителните процеси во телото. Така може да помогне во превенција на артритис и висок крвен притисок.

Подобро варење

Јаболките се извор на пектин, влакно кое го поттикнува растот на добри бактерии во цревата. Здравата цревна флора помага за подобро варење, посилен имунитет и подобро расположение.

Контрола на телесната тежина

Богати со вода и влакна, јаболките создаваат чувство на ситост и можат да помогнат во регулирање на апетитот. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои редовно јадат јаболки имаат помала веројатност за дебелина.

Поддршка за мозокот

Антиоксидансот флоретин во јаболките ги штити мозочните клетки од воспаление и може да го намали ризикот од деменција и когнитивен пад.

Намален ризик од рак

Редовното јадење јаболки е поврзано со понизок ризик од некои видови рак – особено на дојка, бели дробови и дебело црево. Полифенолите го забавуваат размножувањето на абнормални клетки.

Кога треба да бидете внимателни?

Лицата со гифт или покачена мочна киселина треба да ограничат внес поради фруктозата. Јаболките не се погодни за кето диета – една средна содржи околу 25 г јаглехидрати. Кај чувствителни лица влакната можат да предизвикаат надуеност – затоа се препорачува постепено зголемување на внесот и доволно вода.

Најдобро е јаболките да се јадат со кора, бидејќи таму се наоѓаат најмногу хранливи материи и антиоксиданси. Јаболковиот сок не е замена – често нема влакна и може побрзо да го покачи нивото на шеќер во крвта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни