Зошто Дедо Мраз носи црвена облека?

Дедо Мраз, омилениот новогодишен лик, веќе скоро 100 години се појавува во божиќните реклами на Кока-Кола. Некогаш се верувало дека овој пијалок се консумира само преку лето, па маркетиншкиот тим на Кока-Кола одлучил да направи празнична реклама со Дедо Мраз, облечен во црвена облека која совршено се поклопува со црвената етикета на брендот, пишува Unilad.

Меѓутоа, изгледот на Дедо Мраз не се должи само на рекламните кампањи. Уметникот Хедон Сандблом стои зад дизајнот кој го обликувал ликот што го познаваме денес. Многу луѓе сметаат дека тој е причината за тоа што Дедо Мраз носи црвена облека, но тоа е всушност поврзано со други фактори.

Се верува дека ликот на Дедо Мраз потекнува од Свети Никола, чие тело, како што веруваат археолозите, неодамна било откриено во античкиот град Мира. Свети Никола, христијански бискуп од 4. век, бил познат по тоа што дарувал подароци на сиромашните, додека носел црвена облека.

Црвената боја се поврзува со христијанската традиција и ја симболизира крвта на Христовото распетие, како што наведува Today.

Но, пред Кока-Кола да го обликува современиот лик на Дедо Мраз, магазинот Harper’s Weekly и неговиот карикатурист, Томас Наст, беа тие кои го претставиле ликот на Дедо Мраз. Помеѓу 1863. и 1886. година, Наст направил многу карикатури на Дедо Мраз, кои се многу слични на ликот што денес го знаеме. Овие цртежи развиле идеи за работилницата на Дедо Мраз и за испраќањето на писма до него.

Томас Наст исто така го нацртал Дедо Мраз со голем, тркалезен стомак, што станало стандард за веселата фигура која сега е најпрепознатлива.

Се смета дека неколку фактори и влијанија го обликувале ликот на Дедо Мраз, а како што Том Гламот изјавил за BBC: „Дедо Мраз е еволутивен лик, создаден под влијание на фолклор, легенди и религија. Тој не е создаден во еден момент, целосно обликуван во црвено-бело одело. Ликот каков што го познаваме денес е утврден на крајот на 19. век“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни