Зошто да се јаде една шака ореви дневно: Помагаат во намалување на холестеролот, го штитат срцето и ги чистат цревата 

Сè поголем број истражувања покажуваат дека јаткастите плодови имаат бројни здравствени придобивки – од здравјето на срцето до добрата функција на цревата. Затоа оревите беа вклучени во списокот на храна во Диететските упатства за Американците 2020-2025 година, како дел од исхраната и на возрасните и на децата. 

Поради високата содржина на антиоксиданси, оревите се препорачуваат како храна за одржување на здравјето на срцето. Од сите јаткасти плодови, оревите се единствени по нивната висока содржина на полинезаситени масни киселини АЛА и линолеинска киселина. Секојдневното консумирање ореви го намалува крвниот притисок и нивото на вкупниот холестерол, триглицеридите, липопротеинот со мала густина (ЛДЛ) и аполипопротеинот Б во крвта, заштитувајќи го нашето срце. 

Истражувањето на д-р Шерил Рок, од Универзитетот во Калифорнија, заклучи дека исхраната која содржи јаткасти плодови позитивно влијае на нивото на холестерол во телото. 

„Едно од изненадувачките наоди на оваа студија е дека, и покрај фактот што јаткастите плодови се богати со масти и калории, диетите богати со јаткасти плодови би можеле да бидат подеднакво ефикасни во однос на губење на тежината како и диетите со намален внес на масти“, вели Рок. 

Покрај тоа, бројни студии ги истакнуваат придобивките од оревите за помнење, добро расположение, избалансиран шеќер во крвта, репродуктивно здравје… 

Го храни мозокот, ги чисти крвните садови 

Оревите му даваат дополнителна енергија на мозокот, ја подобруваат когнитивната функција и го намалуваат ризикот од деменција. Затоа, со право се нарекуваат „храна за мозокот“. Една шака ореви дневно може позитивно да влијае на слабеењето, бидејќи овие јаткасти плодови делуваат на потиснување на апетитот, пишува New York Times. 

Оревите се богати со омега-3 масни киселини, кои во комбинација со другите материи од овој јаткасто овошје помагаат во намалување на ризикот од дебелина, но и од дијабетес. Ако јадеме една шака ореви секој ден, во организмот ќе внесеме 185 калории, а од таа количина на овој јаткасто овошје можеме да очекуваме: 

-намалување на половината, т.е. ризик од дебелина 

-спречување на развој на срцеви заболувања 

-намалување на нивото на холестерол 

-зголемен број на сперматозоиди 

-намален ризик од дијабетес 

Кој треба да ги избегнува? 

Сепак, прекумерната потрошувачка на ореви е поврзана со формирање на камења во бубрезите кај некои луѓе. Тоа е затоа што оревите се богати со оксалати, што може да придонесе за формирање на камења од калциум оксалат – најчестиот тип на бубрежни камења. Луѓето кои се склони кон алергиски реакции, исто така, треба да бидат претпазливи, бидејќи може да развијат алергија на јаткасти плодови, како и оние кои страдаат од дивертикулоза или улцеративен колитис.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни