Иако е вообичаено, будењето преку ноќ може да биде поврзано со зголемен ризик од висок крвен притисок, познат како хипертензија, предупредуваат лекарите. Оваа состојба, во која крвта врши поголем притисок на артериите отколку што е нормално, може долгорочно да го оштети органите и крвните садови и да го зголеми ризикот од срцеви и мозочни удари.
Една студија открила дека мажите кои се почесто будат преку ноќ, имаат повисок крвен притисок. Кај жените не е пронајдена иста поврзаност, но е забележано дека жените кои поминуваат помалку време во длабок сон, имаат повисок крвен притисок. „Сонот е клучен за општото здравје“, истакнала истражувачка д-р Маришка Браун за Daily Express.
„Знаеме дека сонот е многу важен за здравјето на срцето. Се обидуваме да откриеме повеќе за поврзаноста на сонот и кардиоваскуларните болести и половите разлики што ги забележуваме“, велат лекарите.
Авторите ги истакнуваат ограничувањата на студијата, како што е еднократното мерење на податоците, и нагласуваат потребата од понатамошни истражувања. „Оваа студија ја нагласува важноста на разбирањето на специфичните карактеристики на сонот за подобри стратегии за управување со хипертензијата“, напоменува д-р Браун. Според препораките на Националната здравствена служба (NHS), возрасните треба да спијат помеѓу седум и девет часа секоја ноќ.