Зошто Бритни Спирс се пресели во Мексико?

Бритни Спирс на својот 43-ти роденден откри дека се сели во Мексико во обид да им избега на папараците, обвинувајќи ги дека секогаш биле „неверојатно сурови“ кон неа.
Фото: hnkkk/Flickr

„Папараците навистина ми ги повредија чувствата. Папараците прават моето лице да изгледа како да носам маска, не личам на себе на нивните фотографии“, изјави пејачката.

Таа додаде дека папараците „отсекогаш биле неверојатно сурови кон неа“ и дека иако знае дека „воопшто не е совршена“, таа верува дека начинот на кој се однесувале кон неа е „исклучително злобен и суров“.

Затоа и донела одлука и како што објаснува се преселила во Мексико.

Бритни беше видена како слетува во Кабо Сан Лукас на 2 декември, што исто така беше фатено на фотографии. Изгледаше среќно и задоволно.

Можеби затоа, пренесува eonline.com, на тој ден и официјално го завршила бракот со Сем Асгари. Бракот траеше две и пол години, а Бритни неодамна им соопшти на обожавателите дека повторно се омажила, но овој пат „за себе“.

Пејачката се пошегува и за годините и изгледот, велејќи: „Оваа година наполнив пет години. Утре треба да одам во градинка“.

Целата приказна не помина без дополнителен маркетинг. Бритни најави дека за неколку дена во продажба ќе има кукла со нејзиниот лик, и прилагодена гардероба слична на онаа што ја носела во познатите видеа и настапи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни