Зошто „Бостание“? – првата општествена градина

Во четврток, во 19:30ч, во Мала станица првата општествена градина „Бостание“ која се наоѓа во Ново Лисиче, во Општината Аеродром ќе фрли ново семе за продолжување на зелената, урбана приказна. Разговорот е дел од проектот под наслов „Зошто Бостание?“, кој отвора многу прашања поврзани со екологијата.

На настанот учествуваат Зорица Зафировска – уметник и активист која работи на уметнички истражувања со социјално-општествени тематики, научно-генетските достигнувања и консумеризмот, а свој перформанс ќе има и Димитар Самарџиев – пермакултурен дизајнер и едукатор, кој е член на граѓанската организација „Зелената арка“ и координатор на општествената градина „Бостание“. Присутните низ видео проекција ќе ги води Кирил Шентевски кој е снимател т.е камера и работи монтажа. Модератор на разговорот ќе биде Катерина Богоева, новинарка, која со години ги следи случувањата во полето на екологијата.

Влијанието на културата и уметноста во борбата против забрзаната деструкција сега е многу позабележливо, иако културните и уметнички пракси што се користат во светот како начин да се привлече внимание кон еколошките проблеми постојат веќе две-три децении. Уметноста претставува дејствување, или начин на изразување со кое уметникот, благодарение на својата креативност, создава дела кои предизвикуваат одредени емоции кај набљудувачите. Темите со кои уметниците се занимаваат се универзални и се однесуваат, главно, на уништувањето на животната средина, подигнувањето на свеста за климатските и за општествените промени, проблемите што ги носат современите технологии, како и нивното влијание врз општеството и воопшто врз поединците.

Вклученоста на уметниците во проектите кои се посветени на зачувување, заштита и подобрување на животната средина и природата воопшто, се многу важни. Тие, со своите невообичаени патишта на движење и создавање дела, често им отвораат на луѓето нови погледи кон реалноста во која живеат. На свој начин (уметнички) им укажуваат на процеси што се случуваат околу нив и покажуваат дека постојат и други можности за совладување на секојдневните егзистенцијални борби надвор од вообичаените.

Трн и оваа сезона ја следи активноста на градинарите во „Бостание“, а како изгледа градината во пролетните денови погледнете во нашата видео приказна.

Од лево ве поздравуваат една баба и еден дедо кои со сета љубов ги садат чешнињата лук. Од другата страна пак срамежливо ви се насмевнува мало девојче кое со татка си ја полева својата леа…

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни