Зошто јајцата не треба да се чуваат во вратата од фрижидерот

Иако повеќето фрижидери имаат посебен дел за чување јајца во вратата, експертите предупредуваат дека токму тоа е најлошото место ако сакате да ја сочувате нивната свежина што е можно подолго. Причината е едноставна – вратата од фрижидерот е делот каде температурата најмногу варира, особено поради честото отворање и затворање. Овие температурни промени го забрзуваат расипувањето на јајцата.

Според препораките, јајцата треба да се чуваат на полиците во внатрешноста на фрижидерот, каде што температурата е постабилна и постудена. Дополнително, не треба да се чуваат во близина на производи со силни мириси, бидејќи иако се во лушпа, јајцата лесно впиваат мириси од околината.

Доктор Стјуарт Фаримонд посочува дека чувањето јајца во вратата може да влијае и врз квалитетот на јадењата кои се подготвуваат од нив. Според него, тресењето од отворањето и затворањето на вратата може да ја наруши структурата на белките, што може да предизвика проблеми при подготовка на некои рецепти. Тој додава дека, ако се подготвуваат пржени јајца или кајгана, подобро е да се користат јајца на собна температура, додека за варени јајца може да се користат директно од фрижидерот.

И покрај различните совети, за време на летните месеци најбезбедно е јајцата да се чуваат во фрижидер. Сепак, најдобро е тоа да се прави на полица во внатрешноста, а не во вратата, со што ќе се обезбеди нивна поголема свежина и безбедност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни