Зорица Велковска именувана за национална претставничка во Еуримаж

Агенцијата за филм ја информира јавноста дека Зорица Велковска е избрана за национална претставничка на Република Северна Македонија во Управниот одбор на Еуримаж – фондот на Советот на Европа за поддршка на копродукција, дистрибуција и прикажување на европски филмови.

Велковска е искусен културен стратег, советничка за културна политика и меѓународна соработка, како и коосновачка на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21. Со повеќе од 15 години професионално искуство во културниот и аудиовизуелниот сектор, таа има значаен придонес во развојот на проекти, стратешкото планирање, прекуграничната соработка и поддршката на млади филмски професионалци.

Во својата кариера, Велковска учествувала во значајни национални продукции како „5плус“ и „Преспав“, била национална координаторка на проектот Европски филмски предизвик и активен учесник во бројни иницијативи финансирани преку Креативна Европа и меѓународни копродукции.

Како национална претставничка во Еуримаж, таа ќе придонесе за унапредување на позицијата на македонската филмска индустрија на европската и светската сцена, зајакнување на меѓународната копродукција и промовирање на принципите на инклузивност, одржливост и креативна соработка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни