Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада највисокиот врв во Европа – Елбрус (5.642 метри надморска височина), сместен на планинскиот масив Кавказ во Русија, информираат од Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани, чиј член е Николов.

„Овој значаен подвиг е резултат на огромна истрајност, љубов кон планината и силен планинарски дух, со кој Зоран уште еднаш го претстави нашиот клуб на највисоко ниво. Нека ова искачување биде инспирација за сите сегашни и идни планинари, а на Зоран му посакуваме уште многу нови успеси и безбедни искачувања на идните врвови“, истакнуваат претставници на кочанскиот ПСК „Осогово“.

На подвигот на Зоран Николов му претходела десетдневна експедиција и овој негов најнов успех е резултат на континуитетот во планинарењето. 

Претходно,  тој има значајни искачувања на Ерменија, врвот Арарат во Турција, на масивот Памир во Киргистан, на Алпите во Швајцарија, Италија и Франција, како и на врвот Аконкагва во Аргентина. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни